Банер
10 работи што не треба да ги правите додека сте пијани и на интернет PDF Печати Е-пошта
Живот - Животен Стил
Напишано од Damjan Stojkovski   

Доаѓање дома пијани проследено со одење на интернет може да биде многу забавно во моментот, но и многу проблематично наредниот ден.

Ова е нашата листа на 10 работи кои не треба да ги правите ако сте пијани.

 

Немојте да:

1. Одговарате на работно-поврзана е-пошта.

Без разлика колку и да мислите дека сте способни, не правете го. Секоја грешка ќе биде објаснета со самото време на одговорот на е-поштата, 4 наутро. Покрај тоа, алкохолот создава лекомисленост, така што завршување на маилот со игра на зборови дека на вашата претпоставена и одговара „секоја“ работа и на сето тоа додавање на намигнувачкото смајли и не е баш добра идеја.

2. Разговарате со членови од фамилијата

Само затоа што  вашиот чуден вујко тукушто си дошол од третата смена на работа не значи дека е вистинското време да ја организирате прошетката за која што тој толку време ви спомнува. Ова може да ви се врати со лошо и да ве демне со тоа што тој со насмеана насмевка ќе ви заѕвони во 6 часот наредната недела и ќе ве повика на обична прошетка низ паркот. Токму тоа што го чекавте.

3.Ја менувате вашата лозинка

Од сите работи на кои нема да се сеќавате наредниот ден, фактот дека вашата нова лозинка е мииисепиееводаа е еден од најскапите.

4. Користите кредитна картичка

Не, не треба да ја нарачате таа халовин кацига од еBay и да, не мора да купувате кредит за Farmville на Facebook.

5. Го опишувате вашето ниво на интоксикација на статус на Facebook

Гледајте, скоро сите надвор ве имаат видено колку сте пијани. И сите на интернет ќе ве видат кога наредното утро ќе бидете тагнати во серии од слики кои илустрираат како пробувате да надигнете мешавина од водка и ликер од јаболка. Никој не треба да биде потсетен со несакајќи грешно спелуван статус на Facebook.

6. Праќате е-маил на бившата/бившиот.

Исто е како смс порака, само што може да ставите далеку повеќе текст во него. Додека смс пораката ве лимитира на едноставното „би сакал да се видиме“, е-маилот може лесно да се претвори во привидно добар комплимент како „далеку подобро се бакнуваш од сестра ти“.

7. Препраќате смешен е-маил.

Луѓето не го прават ова уште од 2001, и без разлика колку и да верувате дека нема да бидете бакнати две години ако не го препратите, ве молам пробајте и воздржете се.

8. Снимате одговор-видео на Youtube

Не знам што тип на глупави луѓе ги прават сите тие одговор-видеа на Youtube, но претпоставувам дека сите видеа се без врска, па никој не ги гледа, а плус и НЕ нé интересираат.

9. Симнувате порно.

Знам дека е тешко да се најде лентата на Ким Кардашиан, но побарајте ја кога сте трезни од некое друго ако сте толку очајни, бидејќи имате шанса да закачите куп тројанци ако симнувате било што поврзано со порното.

10. Ги читате вестите.

Мислам дека ова не е баш најдоброто време да се информирате за новостите во Македонија и Светот, а и онака ќе заборавите се од тоа. Затоа ви препорачувам да пуштите некоја комедија и да уживате додека сте сéуште свесни.

 

Се надевам дека листата ќе ви помогне во тие критични моменти, а наредните денови очекувајте листа со работи кои треба да ги пробате за време на пијанството. 

 




blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Умерено
Темп: 11°C
Темп. на ветерот: 11°C
Влажност: 94%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1013.9 mb
CALM
Детална временска прогноза...
Изберете град...