Банер
11 Вообичаени фрази што треба да ги избегнувате во разговор PDF Печати Е-пошта
Живот - Животен Стил
Напишано од Ana Mercury   

Некои работи едноставно не треба да бидат кажани. Еве некои примери: 

 

1. Не кажувајте: „Изгледаш уморно.“
Зошто: Укажува дека не изгледа убаво.
Алтернатива: „Дали е се во ред?“

2 . Не кажувајте:„Многу си ослабнал/а!“
Зошто: Личноста можеби ќе си помисли дека пред тоа не изгледала убаво/привлечно.
Алтернатива: Изгледаш фантастично! Ако сте заинтересирани како ослабнал/а, прашајте – „Која е твојата тајна?“

3. Не кажувајте: „Изгледаш добро за твои години.“
Зошто: Тоа е исто како да кажете „Изгледаш супер во споредба со други стари луѓе. Зачудувачки е што уште ги имаш сите заби.“
Алтернатива: „Изгледаш супер.“

4. Не кажувајте: „Никогаш не би можел/а да го носам тоа.“
Зошто: Може да биде интерпретирано како критика.
Алтернатива: Добро ти стојат тесните фармерки. Ако ви се испушти, тогаш кажете нешто како на пример „Никогаш не би можел/а да ги носам твоите фармерки...затоа што немам долги нозе како твоите и не би изгледале убаво.“

Што да не кажете на работното место 


5. Не кажувајте: „Тоа не е моја работа.“

Зошто: Ако вашиот надлежен ви каже да направите нешто, тоа е ваша работа.
Алтернатива: „Не сум сигурен/на дека тоа би требало да ми е приоритет во моментов.“ После тоа разговарајте со вашиот шеф за вашите обврски.

6. Не кажувајте: „Ова можеби ќе звучи глупаво, но...“
Зошто: Никогаш не треба да ги потценувате своите идеи.
Алтернатива: Кажете што мислите, изразете ги своите идеи со самодоверба.

Што да не кажете на личности кои не се моментално во врска(или само што излегле од врска)

 

7. Не кажувајте: „И онака беше премногу добар/добра за него/неа“
Зошто: „Тоа е исто како да сте кажале дека има лош вкус, и ќе се посрамите ако некогаш се смират.“
Алтернатива: „Негова/нејзина загуба.“

8. Не кажувајте: „Драго ми е што конечно се ослободи од него/неа. И онака никогаш не ми се допаѓаше.“
Зошто: „Ќе се запраша за твоето лажно однесување со него/неа додека биле заедно.“
Алтернатива: „Сигурен/сигурна сум дека ќе си најдеш некој/а што ќе ти даде се што посакуваш.“

9. Не кажувајте: Како некој совршен како тебе уште нема дечко/девојка?
Зошто: Ќе звучи како да сте кажале: „Што е проблемот со тебе?“
Алтернатива: „Се гледаш со некого/некоја?“

Што да не кажете на вашиот дечко/вашата девојка додека се карате

10. Не кажувајте: „Ти секогаш...“, „Ти никогаш...“ или „Ти си идиот/ка“ и слично.
Зошто: Затоа што ја префрлуваш целата вина на него/неа и ќе ја разгори уште повеќе караницата.
Алтернатива: „Вознемирен/на сум поради тоа што...како може да го решиме овој проблем?“

11. Не кажувајте: „Ако навистина ме сакаш, тогаш ќе...“
Зошто: Контролирајќи го вашиот вашиот партнер на овој начин не е добар начин да се гради една врска, и ќе се чувствува како да му/и поставувате ултиматум.
Алтернатива: „Ќе се чувствувам подобро ако...“




blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Умерено
Темп: 11°C
Темп. на ветерот: 11°C
Влажност: 94%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1013.9 mb
CALM
Детална временска прогноза...
Изберете град...