| Шумска куќичка |
|
|
|
| Живот - Уметност и Дизајн | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
|
Симон Дејл (Simon Dale) ја изградил оваа дрвена куќичка без некоја посебнa вештинa. Тој поседувал многу малку знаење за дрвенарија и градежништво. Лоцирана е во некоја шума во Велс и наликува на Хобит куќата од Господарот на прстените. Изградена е од природни материјали, а основните алатки кои биле користени се моторна секира, чекан и длето. Симон успеал да ја изгради оваа колиба бидејќи имал голема верба во себе и добил мала помош од своите пријатели.
Куќичката е вметната околу падините на ридот за да биде позасолнета. Ѕидовите ги држат заедно варта и малтерот, додека топки од сено се искористени на подот, покривот и ѕидовите за подобра изолација. Надвор има инсталирано соларни табли за осветлување, музика и компјутери, а прозорот на самиот покрив дава природна дневна светлина. Симон изјавува дека живеење во таква куќа е како живеење во хармонија и во допир со природата. Можеби не е за постојано живеење, но куќава би била супер викенд релација за да се отргнеме од вревата и брзината на градовите.
![]()
![]() ![]()
|
| Статии по случаен избор | Најчитани статии |







