| Жив килим во купатилата |
|
|
|
| Живот - Уметност и Дизајн | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
|
Жив килим составен од 70 топки од мов споени заедно во пластична рамка започнал да се продава откако прототипот станал хит на интернет.
Чергичето е дизајнирано од Енгујен Ла Шан (Nguyen La Chanh) пред 2 години во склоп на проект од нејзиниот колеџ. Откако ставила слики на интернет, таа била натрупана со барања за да го стави на продажба. Килимот од мов чини 40 фунти, или околу 50 евра. Оттогаш таа го софистицирала дизајнот и барала фирма која што би можела да започне со производството на овој невообичаен жив тепих од шумски мов.
![]() Енгујен, која е од Швајцарија, вели дека идејата за овој чудесен килим и дошла уште кога била студент.
Ако сте заинтересирани, понудите можете да ги погледнете тука.
|





