|
Живот -
Уметност и Дизајн
|
|
Напишано од Damjan Stojkovski
|
|
Последниве години сите се луди по ретрото. Од облеката до обувките преку гарнитурите и модните додатоци, да не зборуваме за музиката, скоро се е ретро. Сте помислиле ли некогаш како би изгледале рекламите за тренд страните Facebook, Skype, Twitter и Youtube кога би биле изработени во 1960-те години? Знам дека сега мислите дека интернетот тогаш не постоел, јасно ми е тоа, но само замислете. Една бразилска компанија го сторила токму тоа, дизајнирала реклами за овие гигантски интернет страни и го направила тоа секако во, ретро стил.
|