| Лесни чекори за да останете здрави |
|
|
|
| Живот - Убавина и Здравје | |||
| Напишано од Aleksandar Simov | |||
|
Во нашиот модерен и брз свет, секој сака да биде здрав. Сите ние сакаме да се чувствуваме и да изгледаме добро, но никој не може да најде време. Што ако не ни е потребно многу време? Што ако само со неколку измени во нашиот живот, ние можеме да бидеме полни со енергија, да изгледаме добро и да живееме долг и здрав живот. ![]()
Да започнеме со јадењето. Сите го правиме тоа, застануваме до McDonald’s или некој друга сендвичара со брза храна затоа што ни е полесно и погодно. Секогаш мислиме дека е погодно, но кога ќе пресметаме, ова всушност не чинело многу пари! Така, наместо да купуваме брза храна, зошто не одвоиме време и да си направиме самите појадок? И треба да гледаме појадокот да не биде секогаш ист, бидејќи нашето тело бара да внесуваме разновидна храна. Втората работа е да се фокусираме на вежбањето. Повеќето луѓе не сакаат да се разбудат порано и да трчаат еден километар или да прават некоја друга исцрпувачка активност. Но погодете што? Не ви е потребно! Започнете со полесните активности. Кога ќе одите во продавница, паркирајте го автомобилот подалеку од влезот. Овој едноставен чекор ќе ви помогне да изгорите неколку калории и ќе ве стави во многу поздрав начин на живот. Последното, но не и најмалку потребно, е спиењето. Ние сакаме да спиеме, страшниот аларм е нашиот смртен непријател. Но нешто што мора да го задржите на ум е: лекарите препорачуваат 8 часа спиење секоја вечер. Ова е златниот број за спиењето. Во нашиот современ и брз начин на живот, секогаш имаме проблеми со спиењето и поради тоа се чувствуваме уморни секогаш кога ќе си го скратиме сонот. Затоа спиењето солидни 8 часа секоја ноќ ќе ви помогне да се чувствувате одморни, здрави и како најдоброто нешто го зголемува вашиот имунолошки систем и метаболизмот. Што значи тоа? Не се разболувате и губите тежина! Видете, не е премногу тешко да се остане здрав. Ви гарантирам, долколку се држите до овие 3 работи, ќе се чувствувате подобро и ќе изгледате подобро за брзо време.
|
| Слични статии | Статии по случаен избор | Најчитани статии |





