| 10 факти за виното кои не сте ги знаеле досега |
|
|
|
| Живот - Убавина и Здравје | |||
| Напишано од Aleksandar Simov | |||
|
Луѓето уживаат пиејќи вино уште од античките времиња, но виното всушност станало познато во 14-от век. Виното, алкохолен пијалок се прави со ферментација на сок од грозје. Еве 10 интересни факти за виното, кои не сте ги слушнале порано...
1. Жените кои пијат 2 чаши вино на ден се повеќе активни во креветот. Со едноставни зборови, тие повеќе уживаат во сексот во споредба со жените кои не пијат вино. 2. Во античка Грција, човекот кој правел забава пиел прв од виното за да ги увери гостите дека е здраво да се пие и не е отровно. ![]() 3. Градот Speyer во Германија е познат по тоа што тамо било откриено најстарото шише вино, кое датира од 325 година. 4. Најголемата конзумација на вино е забележана во градовите на Калифорнија, Флорида и Њујорк. ![]() 5. Честото умерено пиење на вино помага да останеме во форма и да си го сочуваме здравјето. Исто така откриено е и дека пиењето вино го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, срцеви удари и болестите на срцето. Значи кога нареден пат ќе пиете вино, потсетете се и на здравствените добивки. 6. Кога пробувате вино, оставете го 1-2 секунди во вашата уста. Потоа можете да го плукнете или да го голтнете. Квалитетното вино не само што има добар вкус, туку неговиот вкус трае подолго. ![]() 7. Европската Унија одлучила дека секое газирано вино произведено надвор од Франција не може да се вика “champagne”. 8. Франција, Италија и Шпанија се 3-те најголеми производители на вино во светот.
![]() 9. На жените во Рим (во период на Римската империја) им било забрането да пијат вино. Доколку мажот дознаел дека неговата жена пиела вино, тој имал право да ја убие. 10. Жените кои прекумерено пијат вино имаат зголемен ризик од страдањето на несакани ефекти затоа што нивната обвивка во желудникот потребна да го обработи алкохолот е помала отколку кај мажите.
|
| Слични статии | Статии по случаен избор | Најчитани статии |








