Банер
Најлошата плажа на светот PDF Печати Е-пошта
Живот - Рекорди
Напишано од Damjan Stojkovski   

      Каков комфорт! Скокнете од авионот неколку метри пред да слета и ќе паднете директно во морето. И одморот може да започне. Оставете ги торбите нека чекаат на аеродромот. И онака не е далеку. Всушност, плажата е оддалечена само неколку метри. Убав одмор, иако малку бучен.

 

 

     Махо Плажата (Maho Beach) е плажа лоцирана во Св. Мартен (St Maarten), град кој се наоѓа на холандската страна на Антилите. Локацијата е далеку прочуена поради аеродромот Принцес Јулиана Интернационален Аеродром (Princess Juliana International Airport that) кој што се граничи со плажата.

 

 

     Заради тоа што пистата е релативно кратка, 2.180 метри, пилотите мораат да се спуштат што е можно подолу и да ја фатат на време.

 

 
 

     Луѓето што стојат на плажата може да бидат фрлени во вода од големиот притисок кој настанува од воздушниот тек на моторите на големите авиони. Исто така, плажата е популарна и меѓу сурферите на ветар и обичните сурфери поради ветерот и големите бранови кои настануваат близу копното. 

 

 
 

     Бидејќи тоа е една од главните атракции на целата плажа,скоро секој бар, кафуле и ресторан има поставено табла која ги содржи летовите за тој ден. На некои плажи се сончаме, пиеме коктели, читаме списанија, книги, играме билијард, а на некои едноставно гледаме пристигнувања и заминувања и чекаме што „посилни и побучни“ авиони. Wow, какво задоволство.

 








ArtCreative Design and Custom coding

 




blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Умерено
Темп: 11°C
Темп. на ветерот: 11°C
Влажност: 88%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1013.9 mb
CALM
Детална временска прогноза...
Изберете град...