Банер
Што жените навистина сакаат PDF Печати Е-пошта
Живот - Љубов и Секс
Напишано од Ana Mercury   

 Едно прашање до женската популација: дали некогаш сте посакале да го имате вниманието на секој маж на оваа планета за да кажете што навистина сакате и мислите? Еве еден мал список на работи што жените сакаат мажите да ги знаат:

1. Подобро ќе биде да кажете едноставно „Збогум", отколку „Ќе ти се јавам” и тоа да не го сторите. Барем нема да мислиме дека сте тотален идиот, туку само идиот.

2. Ако некоја девојка, на пример, има убави очи, сигурно го слушнала тоа од многу мажи. Убаво е да го повторите комплиментот, но многу поголем впечаток ќе оставите ако и дадете комплимент за нешто друго. 

3. Високите потпетици не се удобни.

4. „Добро” никогаш не е соодветен одговор на прашањето „Како изгледам?”

5. Ако ја поминеме ноќта кај вас, очекуваме доручек.

 

6. Мали изненадувања, посебно подароци = повеќе сакање

7. Прославување на годишнина, дури и само неколку месеци, заработува големи бонус поени.

8. Сакаме авантури, неочекувано патување е совршено.

9. Наместо уште еден ден поминат во кафич, изненадете не со нешто оригинално, како на пример пикник. Се што ви е потребно е вино и две стаклени чаши за незаборавен ден.

 

10. Не го употребувајте изразот „Те сакам” многу често. Не го употребувајте воопшто ако не го мислите.

11. И за крај – бидете оригинални!





blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Умерено
Темп: 11°C
Темп. на ветерот: 11°C
Влажност: 88%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1013.9 mb
CALM
Детална временска прогноза...
Изберете град...