| Ненормално жешки секс пози и потези (дел 3 / 7) |
|
|
|
| Живот - Љубов и Секс | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
|
Со овие жешки секс трикови можеби ќе треба да ја ставите пожарната служба на брзо бирање. Зошто да не го добиете максимумот од сексот? Овие трикови се од 10 експерти и веројатно сеуште ги немате пробано. Потезите се напишани и се во заповедна форма за женската популација, над 18 години. Ако сеуште го немате прочитано претходниот дел, кликнете тука. ![]() 21. Имитирајте дека сте порно ѕвезда со тоа што ќе земете камера и ќе се гледате додека сте во креветот. Но не ја снимајте акцијата, само гледањето на еден друг низ објективот е огромен „запалувач“. 22. Допирајте се еден друг за задникот и лицето користејќи цврсти движења за да ги стимулирате изненадувачко сензитивните глутеус мускули. 23. Бакнувајте го и лижете го неговото торзо одејќи надолу, но застанете блиску до пенисот, насмевнете му се и продолжете нагоре на истиот начин. Повторете го ова неколку пати додека не почне да ве моли за милост. 24. Ставете еротски филм во ДВД плеерот и оставете ги звуците и врисоците да ви послужат како инспирација. Ќе се чувствувате како да сте на сред оргија. 25. Создадете динамика за време на сексот со тоа што ќе му речете дека седмиот бран според океанските легенди е најсилен. Легнете на вашиот грб на клупа и натерајте го секоја седма пенетрација да ја направи најсилна. 26. За суперинтимна поза, кажете му да седне во индијански стил (со прескрстени нозе) на креветот или на подот. Потоа гушнете го, обвијте ги вашите нозе околу неговиот грб, и мрдајте напред – назад. 27. На некој ладен, дождовен ден, изберете 5 места во вашиот стан и предизвикајте се еден друг да имате секс на секое место пред да се стемни. 28. Кога сте на забава, потпрете си го грбот на него како да изгледа дека само се одмарате. Тогаш суптилно турнете го вашиот задник накај неговиот пенис и пополека играјте во кружни движења. 29. Вратете се во средно училиште со тоа што ќе ја оставите долната облека за време на сексот. Така тој може да ве масира преку текстилот, и со неговите раце и со устата - како предигра. По некое време, кога ќе посакате контакт кожа-на-кожа, натерајте го да ги тргне гаќите настрана и да ве пенетрира. Ставете лубрикант на неговиот пенис, качете се врз него, слизнете му го меѓу вашите лабии (labia) и лизгајте се горе долу по должината на пенисот, истовремено притискајќи си го клиторисот. 30. Во она-врз-него позицијата, навалете се наназад и ставете ги рацете позади вас на креветот, накривувајќи ја главата наназад. Во оваа поза тој има целосен поглед на вашите гради и торзо и во исто време ќе го скокоткате со косата која што ќе допира до неговите нозе.
Ако се ова не ви е доволно, кликнете тука за четвртиот продолжеток.
|





