| На 100-годишните луѓе им растат рогови |
|
|
|
| Забава - WTF | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
|
На 101-но годишната Жанг Руифанг (Zhang Ruifang) од Кина и израснал рог на челото. Старата кинеска госпоѓа ја зачудила својата фамилија и блиските пријатели со рогот на нејзиното чело кој што наликува на оној на јарецот.
Кај жената израстокот започнал да расте претходната година. Оттогаш пораснал 6 цм во должина, а на другата страна на челото и се појавила нова структура налик првата. Чудната појава ги вџашила луѓето од селото, но нејзините деца ептен се загрижиле. Нејзиниот најмлад син, кој што има 60 години, кажува дека кога израстокот се појавил минатата година, никој не обрнувал многу внимание. ,,Но како што времето поминуваше израстокот премина во рог кој што сега има зачудувачки 6 цм” , додава господинот Жанг, чијшто најстар брат сега има 82 години. ,,Сега нешто друго и расте на десната страна на челото, многу е веројатно дека и тоа е уште едно рокче. “ Иако е не познато што е израстокот на челото на госпоѓата Жанг, сепак тоа наликува на кожен рог.
![]() Тоа е всушност израсток којшто е обликуван како инка и иако повеќето од овој вид се само неколку милиметри, некои можат да се издолжат повеќе сантиметри. Кожните рогови се составени од компактен кератин, истиот протеин што го имаме во нашата коса и нашите нокти, и самиот тој ги создава роговите, волната и перјата кај животните. Ваков вид на рогови обично се развиваат кај стари лица меѓу 60 – 70 години со бела боја на кожа кои што во текот на животот биле премногу изложени на сонце. Видот некогаш може да биде и канцероген, но во повеќето случаи е малигнен.
![]()
Предизвикувачи на кожните рогови се брадавиците, рак на кожата и актински кератози (парчиња од крлушеста кожа кои што се развиваат заради преголема изложеност на сонце во текот на животот, а се наоѓаат на лицето, темето или подлактиците. Роговите можат да се отстранат со хируршки зафат, но со ова не се лечи основната причина за самото нивно настанување.
|






