| Видео: BBC прогнозер покажува среден прст |
|
|
|
| Забава - WTF | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
|
Ова е дефинитивно една од најсмешните грешки кои што сме ги виделе скоро на вестите.
Не само што прогнозерот Томас Шафернакер (Tomasz Schafernaker) бил фатен како му го покажува средниот прст на телевизискиот спикер Симон Мекој (Simon McCoy) , туку згора на тоа, пред камерата да го покаже прогнозерот, спикерот Симон кажува:,, Се разбира дека ќе биде 100 % точно и дека ќе ги даде сите детали што може да ги очекувате.” Вториот неверојатен дел се случува токму по фаќањето на Шафернакер, кога тој набрзина спобудалува и пробува да го скрие сето тоа со преправање дека сака само да се почеша по вратот. Лош потег Шафернакер, а уште полоша глума. Замислете се што би направиле Вие ако сте на неговото место, и како би се справиле со трите битни работи: 1. Многу веројатното дерење од страна на вашиот шеф. 2. Срамот. 3. Можниот отказ.
|




