Банер
Mafia 2 PDF Печати Е-пошта
Забава - Видео Игри
Напишано од Damjan Stojkovski   

Вито (Vito) е американец со италијанско потекло коешто доаѓа од неговиот татко. Тој е веќе изморен од потрагата по својот ,,Американски Сон”. 

 

 

Сакајќи да го избегне сиромавиот живот што му го разорило целото детство, Вито е разнишан од желбата да живее моќен и богат живот, живот којшто е основан на организиран криминал.  Како ситен криминалец целиот негов живот, Вито и неговиот другар од детство, Џо (Joe) се задлабочуваат во темниот свет на подземјето. Заедно, тие работат напорно за да се докажат на мафијата и за да создадат име и репутација на улиците на ладниот и немилосливиот град.

 

 

 Мафија 2 буквално ги потпопува играчите во подземниот свет, светот на бандите, криминалот, мрачните страшни улици, напуштени објекти,  студеното американско време, снежните вејавици, и се тоа се случува во доцните 40-ти, раните 50-ти години на минатиот век. Оваа игра не вовлекува во холивудско филмско искуство на жив, но стерилен град, на високооктанска размена на истрели придружена со бели тупаници и привлечна сторија.

 

 

 

 Датум на издавање: 24 август 2010




blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Умерено
Темп: 11°C
Темп. на ветерот: 11°C
Влажност: 94%
Брзина: 3 km/h
Правец: 30°
Притисок: 1013.9 mb
NNE
Детална временска прогноза...
Изберете град...