| Парис Хилтон тужена, се бара оштета од $35 милиони |
|
|
|
| Забава - ТВ | |
| Напишано од Aleksandar Simov | |
|
Наследничка Парис Хилтон е тужена од страна на компанија за продолжување на коса за 35.000.000 долари, известува TMZ. Hairtech International ја тужи за измама и кршење на договорот.Компанијата тврди дека Хилтон ги прекршила условите на нејзиниот договор, да ги носи и промовира нивните производи.
Во тужбата тврдат дека 29 годишната Парис Хилтон била видена во списанија и на телевизија каде што не ги носи нивните продукти за коса, туку ги носела продуктите на конкурентите. Исто така Hairtech тврди дека наследничка пропуштила забава во 2007 година, бидејќи одлежувала затворска казна. Компанијата тврди дека тие поканиле 600 професионалци за продолжување на коса и кога Парис Хилтон не се појавила, нејзиното отсуство ја чинело компанијата 6.600.000 долари. Хилтон поминала 23 дена во затвор поради тоа што била фатена како вози додека е на условна казна. Публицистот на Хилтон допрва треба да се направи коментар во врска со тужбата.
|




