| Џенифер Лопез во Американски Идол? |
|
|
|
| Забава - ТВ | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
|
Се шпекулира дека поп-пејачката, актерка и танчерка, бившата ,,FlyGirl” Џенифер Лопез (Jennifer Lopez) ќе се врати на телевизијата, но овој пат како судија на познатото реално шоу ,,Американски Идол” (American Idol).
Џенифер Лопез била ептен блиску до потпишување на договор за работа во музичкото шоу, известува извор близок до преговарачкиот тим. Компанијата Фокс (Fox) ги отфрла сите овие озборувања бидејќи се добиени од некомпетентни и неавторизирани извори. Доаѓањето на пејачката е всушност овозможено поради заминувањето на претходниот судија, Елен Диџенерес (Ellen DeGeneres), по една година работа во шоуто.
|




