| Видео: Неверојатни трикови на гимнастичарот - супермајмун |
|
|
|
| Забава - Спорт | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
|
Погледнете го зачудувачкото видео од светски-познатиот гимнастичар, Дејмиен Волтерс (Damien Walters) како изведува неверојатни трикови во сала и на отворено. Се чини дека човеков е мешана сорта од гимнастичар и супер-мајмун. Грациозноста, прецизноста и брзината се само неколку од многуте позитивни карактеристики на неговите скокови.
Дејмиен во 2007 година го освоил четвртото место со неговиот тим во светскиот шампионат на трамполина (Trampoline World Championships) и оттогаш се сконцентрирал на каскадерство. Тој е меѓу првите каскадери - белци кои работат за филмовите на Џеки Чен (Jackie Chan). Неговиот прв трик го направил кога имал само 4 или 5 години, а тоа било салто нанапред. Како тој ги прави овие трикови, сеуште никој друг не успеал. Кога го гледам видеово секогаш си помислувам: „А некои се жалеа на колут-напред во средно.“
|




