| Раперот T.I. повторно уапсен |
|
|
|
| Забава - Музика | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
|
Лос Анџелес, Калифорнија, Холивуд (Los Angeles, CA Hollywood) 03-09-2010 – Раперот T.I. бил уапсен за илегално поседување на контролирана супстанца во Западен Холивуд (West Hollywood) средата навечер. ![]() T.I., чие што вистинско име е Клифор Херис (Clifford Harris), бил запрен со неговото возило и уапсен заедно со неговата жена Тамека Котл (Tameka Cottle). Шерифот изјавил дека биле приведени поради поседување на метамфетамини. Полицијата намирисала силен одор на марихуана што доаѓал од возилото и веднаш се посомневале. По претрага на возилото тие ја нашле илегалната супстанца. ![]() По плаќањето на кауција од $20.000, младиот брачен пар бил пуштен околу 4 часот во четвртокот наутро. Но тоа не е се. Сега T.I ќе мора да оди на суд за да се види дали ова дело ќе му ја прекрши условната казна што му трае до 2013 или пак не. На нас останува да нагаѓаме дали овој успешен рапер ќе го промовира својот нов албум „King Uncaged“ или пак ќе биде зад решетки. Ова се случува само неколку месеци по излегувањето на T.I. од федерален затвор. Очигледно е дека на некои луѓе не им доаѓа паметот, или пак им одлетува за многу кратко време. ![]()
|







