Банер
Трејлер: 50 Cent во нова драма „Twelve“ PDF Печати Е-пошта
Забава - Филм
Напишано од Damjan Stojkovski   

50 Cent игра во новата драма на Џоел Шумахер ( Joel Schumacher) заедно со Чејс Крафорд (Chace Crawford) и  Ема Робертс (Emma Roberts) каде што е претставен како безобѕирен снабдувач на дрога. Ова е едниот од повеќето проекти во кои 50 Cent е вклучен годинава со цел да си ја зацврсти својата актерска кариера.

 

 
 „Ангажирањето во филмот се случи токму во правото време“ изјавува Фифти, додавајќи дека му била понудена улога во новиот филм на Силвестер Сталоне „The Expendables“, но морал да ја одбие бидејќи сакал да се фокусира на промовирањето на неговиот последен албум. За „Twelve“ ситуацијата била малку поинаква, бидејќи времето на снимањето на филмот се поклопило со слободното време во распоредот на зафатениот рапер. Со ова му се отворила шанса да работи со познатиот режисер, чии што најпознати филмови се „Batman Forever” (Бетмен засекогаш) и  Phone Booth“ (Телефонска говорница).

 

„Знаев дека многу од неговите проекти се ептен професионално направени, па сакав да бидам поврзан со таков вид на уметнички интегритет“ изјавува Фифти. „Режисерот беше интригуиран од мојата доверба и сигурност кога влегував внатре, а потоа низ нашата конверзација тој увиде колку бев ентузијастички расположен околу мојот дел од проектот.

Филмот претставува интересен портрет на пријателски живот и трагедија меѓу привилегирани тинејџери кои што се во тесни меѓусебни врски и чии што животи се заплетуваат со полицијата. Почнал со прикажување на 6 август оваа година во театрите во САД, а ќе биде издаден на DVD и Blue-ray на почетокот на 2011 година. Би било интересно да го видиме Фифти Сент во ново светло, а овој филм му го пружа токму тоа.

 

 
 
 
 



blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Умерено
Темп: 11°C
Темп. на ветерот: 11°C
Влажност: 94%
Брзина: 3 km/h
Правец: 30°
Притисок: 1013.9 mb
NNE
Детална временска прогноза...
Изберете град...