| Трејлер: The Human Centipede |
|
|
|
| Забава - Филм | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
|
После оваа статија единственото нешто за што ќе размислувате е која позиција е најдобра, но, не зборувам за секс. Не е препорачано да го гледате трејлерот, а не пак филмот ако имате јадено нешто во претходните неколку дена.
Без разлика, ако го немате видено до сега, има големи шанси дека нема ни да го видите. Мислам дека не се мразите себеси до тој степен и ја немате таа потреба да си ги казнувате очите со слики кои што ќе ви остават лузни во меморијата поприлично до крајот на животот. Но сеуште сакате да дознаете што ќе се случи, така? Две фини американски девојки се на патување низ Европа. Во Германија завршуваат со расипана кола сами во ноќта во една морничава шума. Бараат помош и наоѓаат зафрлена вила. Следниот ден се будат и се наоѓаат заробени во застрашувачки подрум импровизиран во болница заедно со уште еден Јапонец и многу одвратна медицинска опрема. Постар Германец е на местото и се идентификува себеси како пензиониран хирург специјализиран во одделување на сијамски близнаци. Како и да е, трите пациенти не се тука за да бидат разделени, туку да бидат споени со грозоморна операција. Стариот Германец, со неговите застранети амбиции планира да биде првиот човек што ќе спои луѓе преку нивниот гастричен систем, правејќи го тоа со цел да ја оживее неговата болна животна фантазија „Човечката стоногалка“ (Тhe human centipede). Погледнете го трејлерот подолу.
Датум на издавање: 4 Октомври 2010 (DVD Премиера)
|
| Слични статии | Статии по случаен избор | Најчитани статии |




