| Ријана во филм |
|
|
|
| Забава - Филм | |
| Напишано од Damjan Stojkovski | |
|
Поприличен број на врвни пејачи се одлучиле за Холивуд проширувајќи си го своето резиме со додавање на ,,актер/ка’’ во него. Мадона,(Madonna) Шер (Cher), Алиша Кис (Alicia Keys) и Мараја Кери( Mariah Carey) се само неколку пејачки кои што површно се занимаваат со филмската индустрија, а сега Variety известува дека престижната пејачка Ријана (Rihanna) ке навлезе во индустријата со нејзината улога во долгометражниот филм на Питер Перг ,,Воен брод’’ (Battleship) кој што е адаптација на играта на табла ,,Потопување на Бродови”.
Никакви специфичности не биле споменати за нејзината улога, освен дека ќе им се придружи на актерите Александар Скарсгард (Alexander Skarsgard) и Тејлор Кич (Taylor Kitsch) во дејствие кое ке заземе место преку океаните, небесите и копната во планетарно преживување против супериорни вонземјански сили.
![]() Како што веќе се знае, Кич ке игра улога на офицер во морнарица кој што ќе ја предводи битката, а Скарсгард ќе биде неговиот брат. Би било интересно да видиме дали Ријана ќе биде во сред акцијата како некој друг офицер во морнарицата , обичен цивил или пак љубовна партнерка на некој од машките карактери. Која и да биде нејзината улога во овој филм, едно ке биде сигурно, Ријана енормно ќе допринесе за сексипилноста и популарноста на самиот.
|
| Слични статии | Статии по случаен избор | Најчитани статии |





