| Видео: Новото агилно теренско возило |
|
|
|
| Технологија - Продукти | |
| Напишано од Damjan Stojkovski | |
|
Ова е DTV Shredder, војнички скејтборд со две гасеници. Може да оди преку 48 км/ч, да се искачува по стрмнина од 40 степени и има опција за далечинско управување. Од видеото се гледа дека е спектакуларно во акција.
Според произведувачот, направата може да се справи со секаков вид на терен и нискиот центар на гравитација ја прави идеална за извидување, спасување, мобилен надзор и медицински евакуациски операции. Високо е 40цм, тежи 56 килограми и цилиндарот на Хонда моторот има 200cc, а целокупната моќност е 15 коњски сили. Според некои груби проценки, ако е возено по најстрмниот предел или со најголемата брзина, ова возило би трошело околу 7-8 литри гориво на 100 км. Со оваа моќност, малово тенкче може да влече товар од над 500 кг, не сметајќи го и возачот. ![]() Изгледа импресивно и за среќа, во овој случај, изгледот не залажува ни најмалку. Ова е навистина едно посебно теренско возило кое со својата издржливост, брзина, леснотија и агилност се искачува над конкуренцијата и буквално и метафорички. ![]() Не знам за вас, но јас мислам дека ова е токму тоа што би сакал да го имам ако одам до околната дивина, планина, шума и сл.
|
| Слични статии | Статии по случаен избор | Најчитани статии |






