Банер
Видео: Создадено леталото на Да Винчи PDF Печати Е-пошта
Технологија - Продукти
Напишано од Damjan Stojkovski   

Истражувачи во Канада го направиле првото летало кое што лета со мавтање на крилата како кај птиците и е придвижувано со човечка сила – преку педали.

Се нарекува „Snowbird HPO (Human-powered Ornithopter) и всушност е првиот авион кој што е придвижуван единствено со човечка сила. 

Развиен е од тим на научници при Универзитетот на Торонто, кои биле решени да ја создадат направата првпат замислена уште од легендарниот Леонардо Да Винчи.

Откако направата е повлечена од автомобил и лансирана во воздухот, пилотот започнува да ги придвижува педалите кои преку макари се поврзани со крилјата и тие започнуваат да замавнуваат така продолжувајќи го летањето – се додека пилотот не се измори. А потоа? Капут? Се надеваме не. 

Леталото има распон на крила 32м и покрај толкава ширина тоа тежи само 42.6 килограми.

Во овој лет авионот – птица прелетал цели 145 метри со брзина од 25 км/ч и траел не повеќе од 19.3 секунди. 

 

Пилотот Reichert – инаку дел од истражувачкиот тим, рекол дека „Snowbird“ претставува остварување на историско стар аеронаутички сон.

Низ историјата, безброј мажи и жени сонувале да летаат како птица со нивната сопствена сила и стотици, ако не  илјадници пробале да го сторат тоа, но никој не успеал. 

Ова претставува еден од последните остварени – први сонови.


ArtCreative Design and Custom coding


ArtCreative Design and Custom coding


ArtCreative Design and Custom coding
 




blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Умерено
Темп: 11°C
Темп. на ветерот: 11°C
Влажност: 94%
Брзина: 3 km/h
Правец: 30°
Притисок: 1013.9 mb
NNE
Детална временска прогноза...
Изберете град...