| Првите бионички нозе |
|
|
|
| Технологија - Продукти | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
![]() Два новозеландски научници, Ричард Литл (Richard Little) и Роберт Ирвинг (Robert Irving) ги создале првите бионички нозе на светот. Нозете се нарекуваат Rex (robotic exoskeleton) и научниците тврдат дека ќе помогнат на параплегичните луѓе да проодат. Роботските нозе за прв пат јавно ги испробал 23-годишниот Хејден Ален (Hayden Allen), човек на кого пред 5 години му било речено дека никогаш нема да прооди откако останал парализиран во тешка сообраќајна несреќа. Хејден со помош на нозете сега може да стои, да оди, па дури и да се искачува по скали, а сето тоа го управува со џојстик. Нозете се тешки 38 килограми и ги придвижуваат електромотори напојувани од батерии. Меѓутоа, оваа вест има и лоша страна. Rex нозете ќе останат недостапни на многу луѓе бидејќи цената им е околу 150.000 долари, односно 6.900.000 денари. Во Нов Зеланд ќе се најдат во продажба до крајот на 2010 година, а во остатокот од светот во текот на следната година. „Никогаш нема да го заборавам чувството на среќа кога видов дека одам после цели 5 години. Луѓето ме предупредуваа да гледам право додека одам, но не можев да престанам да гледам во своите нови нозе“, рекол восхитено Хејден Ален.
|
| Слични статии | Статии по случаен избор | Најчитани статии |





