| Гас и кочница во едно, најнов изум |
|
|
|
| Технологија - Продукти | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
![]() Тојота истражувала бројни сообраќајни несреќи на своите автомобили и на крајот дошла до заклучок дека голем број од сообраќајките се случуваат токму поради тоа што возачите наместо на кочницата, во моментот на опасноста притискаат на гасот. Тоа веќе не би требало да не загрижува за во иднина. Јапонскиот автомобилски гигант лани примил голем број на жалби кои објаснувале дека многу пати педалото на гасот се заглавувало за време на возењето така резултирајќи со многу несреќи. Меѓутоа, истражувањата и статистиката покажале дека во поголемиот број на случаи причината за несреќата била човечка грешка. Наместо на кочницата, возачите го притискале гасот „до даска“. Силното притискање на гасот е природна човечка реакција за време на опасност. Во такви ситуации возачот место да закочи, тој додава гас, а тука одлучуваат стотинки, не секунди. Тоа е грешка на возачот, но исто така и грешка на самата конструкција составена од одвоени педали. Изумот е прилично едноставен, гасот се дава со придвижување на десната нога на страна, додека кочницата се активира кога педалата се нагазува. ![]() Само во САД годишно се пријавуваат десетици илјади несреќи поради проблеми со педалата. Во Јапонија пак, лани имало 6.700 такви несреќи со повеќе од 9.000 повредени и 37 загинати. Новато педало сеуште е во процес на тестирање во Шведска, а одговорниот човек Нарузе веќе го вградил во 130 автомобили во Јапонија. Идејата е стара околу 20 години и секој ден се усовршува и доработува. Еден ден овој вид на педало би можело да стане светски стандард во автомобилската индустрија. По се на се, педалото изгледа интересно, но навистина не знам колку време ќе му треба на просечен човек да се измори од туркање на десната нога на страна, а не пак ако возачот е припадник на женскиот пол и носи балетанки, или уште полошо, високи потпетици.
|
| Слични статии | Статии по случаен избор | Најчитани статии |






