Банер
Господ не го создал Универзумот, вели Хокинг PDF Печати Е-пошта
Наука - Вселена и Универзум
Напишано од Aleksandar Simov   

Господ не го создал универзумот и Големата Експлозија била неизбежна последица на законите на физика, познатиот британски теоретички физичар Стивен Хокинг расправа во неговата нова книга. 

 

Во Големиот Дизајн (“The Grand Design”), Хокинг вели дека новите теории го направиле креаторот на универзумот застарен.

Бидејќи постои закон како што е гравитацијата, универзумот може и ќе се создаде себеси од ништо. Спонтаната креација е причината зошто постои нешто, наместо ништо, зошто постои универзумот, зошто постоиме ние пишува Хокинг.

Хокинг, 68, кој добил глобално признание за неговата книга Кратка историја на времето (“A Brief History of Time”) од 1988 година, е познат по неговата работа на црните дупки, космологија и квантна гравитација.

Стивен Хокин, кој може да зборува само преку компјутерски-генериран глас, боледува од аминотрофична латерална склероза која со текот на годините го парализирало скоро целото негово тело.

Тој почнал да боледува од оваа болест во неговите 20-ти години, но тоа не го спречило да биде еден од најпознатите светски научници, и да се појави како гостин во “Star Trek” и анимираните цртани “Futurama” и “The Simpsons”. 

 

Големиот Дизајн (“The Grand Design”) ќе излезе во продажба наредната недела.




blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Светло Снег
Темп: -4°C
Темп. на ветерот: -4°C
Влажност: 52%
Брзина: 3 km/h
Правец: 260°
Притисок: 1026.1 mb
W
Детална временска прогноза...
Изберете град...