| Видео: Со ова ќе патуваме во вселената |
|
|
|
| Наука - Вселена и Универзум | |||
| Напишано од Damjan Stojkovski | |||
![]() Со ова чудо од авион, наречен Skylon, наскоро ќе можеме да патуваме во вселената. Ќе не собере на обичен аеродром и потоа со брзина пет пати поголема од онаа на звукот (5 x 340 м/с) ќе не издигне до ѕвездите. Добро со оглед на тоа дека најблиската ѕвезда (не броејќи го сонцето) е Alpha Centauri, оддалечена 4,37 светлосни години или 41,5 трилиони км, ќе се издигнеме не баш до ѕвездите, туку некаде измеѓу, како би ги виделе чисто информативно. Овој вселенски брод е развиен од британски инженери и вреди повеќе од 800 милиони евра. Патувањето во вселената со леталово, долго 82 метра и со капацитет од 24 патници би чинело околу 7,5 милиони евра. Станува збор за беспилотно вселенско летало (се надевам не работи на далечински) кое ќе може да полета од обична аеродромска писта, а ќе го придвижуваат два мотора кои користат водород и кислород за гориво. Со последнава реакција би добиле дури и вода. Баш тоа би ни притребало ако сме заглавени некаде меѓу Млечниот Пат и Канис големото џуџе (најблиска галаксија до Млечниот Пат) Од британската вселенска агенција веруваат дека овој проект може да предизвика револуција во патувањето во космосот и значително да ги намали патните трошкови поради предностите на новоразвиената технологија. Според извештаите, трошковите за развојот на овој проект изнесуваат мегаломански 8,9 милијарди евра. Skylon е развиен од компанијата „Reaction Engines“(со седиште е во Oxfordshire) во соработка со друга вселенска агенција.
|
| Слични статии | Статии по случаен избор | Најчитани статии |





