Банер
10 земји за кои веројатно никогаш не сте слушнале PDF Печати Е-пошта
Наука - Планета Земја
Напишано од Damjan Stojkovski   

Навистина би морале да бидете географичар за да ги знаете земјите од оваа листа. За нас можеби е небитно и не ги знаеме, но тие самите себе се сметаат за прифатени и признаени ширум светот.

 

 

10. Вануату

Во Вануату 90% од луѓето конзумираат риба, а 80% живеат во рурални, изолирани села со нивни сопствени градини и залихи. Нуркањето е многу популарна туристичка атракција таму. Има и доста цунами, додека најголемиот негативен ефект за економијата на државата претставуваат земјотресите.

 

 

9. Науру

Науру е бивша германска колонија позната како и Пријатниот Остров на Јужниот Пацифик (Pleasant Island). Карактеристично за оваа земја е тоа што луѓето колектираат вода од монсунските дождови во периодот меѓу ноември и фебруари бидејќи се ограничени со природната свежа вода. Најпопуларниот спорт во оваа земја е Австралискиот фудбал (рагби) и имаат лига со седум тима.

 

 

8. Тувалу

Тувалу е уставна монархија на чело со кралицата Елизабет II. Немаат редовна војска и не трошат воопшто пари на одбрана. Тувалу е 4-та најмала земја во светот. Првите населеници во земјата биле Полинезите.

 

7. Коморос

Тоа е африканска островска нација која што се наоѓа во Индискиот Океан измеѓу Мозамбик и Мадагаскар. Островот е стара француска колонија и денеска има околу 300. 000 Коморонци. 98% од популацијата е со муслиманска вероисповед.

 

 

6.Гурзни

Гурзни е под одговорноста на Обединетот Кралство, но не се вбројува ниту во него, ниту во Европската Унија. Земјата е лоцирана кај Ламанш близу брегот на Нормандија. Имаат целосна автономија кога е во прашање внатрешната политика и преговараат за да добијат тотална независност од британската круна.

 

 

5. Островот Ман

Овој остров е познат и како Манн и е самостојна британска колонија, лоцирана во Ирското Море меѓу островите на Велика Британија и Ирска. Не се дел од Европската Унија. Економијата на Островот Ман се потпира на банкарство и туризам. Островот бил населен уште од 6500 година п.н.е.

 

 

4. Токелау

Токелау е зависна територија која што припаѓа на Нов Зеланд и се состои од 3 острови. Името Токелау е полинезиски збор што значи северен ветер. Островот ја има најмалата економија на светот и тоа ги прави скоро целосно зависни од паричната помош од Нов Зеланд. 96% од популацијата е со христијанска вероисповед и 57% од нив се жени.

 

 

3. Кук Острови

Ова се автономни острови со  парламентарно демократско уредување. Со преку 90.000 туристи годишно, туризмот им е најсилната индустрија за правење пари и водечки елемент во островската економија, далеку посилна споредено со банкарството и извозот на бисери, морска храна и овојше. Кук Островите се нарекуваат така бидејќи се именувани по британскиот морепловец Капетан Џејмс Кук кога тој пристигнал до нив во 1773 г.

 

 

2. Питкернски Острови

Официјално именувани како Питкерн, Хендерсон, Дуси и Оено, ова е група од 4 вулкански острови кои се бивши британски колонии, последните останати во Пацификот. Јазикот на населението е мешавина од англиски и таитски. Во последните години единствената црква што била таму се затворила бидејќи само 8 луѓе ја посетувале редовно. Има само едно кафуле и еден бар на целиот остров и владината продавница покрај другото продава и алкохол и цигари. Порано во земјата имало строги закони кои забранувале играње, пушење цигари и конзумирање на алкохол.

 

 

1. Нагорно-Карабахската Република

Нагорно-Карабахската Република е независна република лоцирана измеѓу Ерменија и Азербејџан. Нагорно-Карабахската Република е една од најминираните региони од бившите СССР територии поради Нагорно – Карабахската војна во 1991-1994 година. Републиката сеуште не е препознаена од ниедна држава, вклучувајќи ја и Ерменија. 95% од населението е ермениско, а останатите се Грци и Курди. Туризмот им е насочен кон Ерменците кои живеат во западните земји.




blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Умерено
Темп: 11°C
Темп. на ветерот: 11°C
Влажност: 94%
Брзина: 3 km/h
Правец: 30°
Притисок: 1013.9 mb
NNE
Детална временска прогноза...
Изберете град...