Банер
Зошто изумреле џиновските мамути? PDF Печати Е-пошта
Наука - Планета Земја
Напишано од Damjan Stojkovski   

Експертите тврдат дека луѓето не биле причината за изумрувањето на мамутите, туку дека големите џинови изумреле од климатски промени. Порано се мислело дека џиновските мамути изумреле пред 4.000 години од прекумерен лов од страна на луѓето. 

 

Но сега научниците од Универзитетот во Дурам тврдат дека нивната смрт била повеќе поврзана со растечките температури и непогодната вегетација во нивниот хабитат.

Велат дека на крајот на леденото доба, прериите каде што живееле мамутите биле заменети со шуми бидејќи нивото на јаглерод диоксид се зголемило.

Ова ги оставило џиновите без храна и всушност, дрвјата ефективно ги убиле овие огромни тревојади.

По неколку компјутерски симулации, професорот Брајан Хантли (Brian Huntley) рекол:„ Нашите резултати укажуваат дека промената на климата, односно ефектот што таа го извршила на вегетацијата била клучната работа што предизвикала намалување на популацијата и крајното исчезнување на мамутите и другите големи хербиворни животни.

 

 

За време на леденото доба, хербиворните животни имале повеќе храна за јадење, но како што сме преоѓале во пост-глацијалното доба, дрвјата постепено ги истиснале другите тревни екосистеми и тоа значително ги намалило површините за пасење.

 

 

 

 

[Woolly mammoths died out due to climate change]




blog comments powered by Disqus
 
Слични статииСтатии по случаен изборНајчитани статии
Банер
Банер

Временска Прогноза

Skopje, Macedonia
Умерено
Темп: 11°C
Темп. на ветерот: 11°C
Влажност: 94%
Брзина: 3 km/h
Правец: 30°
Притисок: 1013.9 mb
NNE
Детална временска прогноза...
Изберете град...